Независната кандидатка за градоначалничка за Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во вечерашното интервју на ТВ 24 на прашањето дали има бугарско државјанство одговори:
-Не да сум разочарана, јас не знам веќе за што зборуваме, не знам како не им е срам да излегуваат со овие небулози што ги вадат. Каде им се доказите дека сум била донатор на политичка партија, кријат, замаглуваат, ги вадат како полувистини. Каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил. Срамотно е ова да го прават на два дена пред кампања. Јас знам дека немам ниту една дамка, затоа и влегов во оваа борба.
Се до сега што кажаа е лага. Многу ми е жал што ќе морам низ потапки да ги докажувам овие работи.
На ова новинарот побара таа да даде директен одоговор: Знаете, политичката функција бара отчетност, вие демантирате дека имате бугарско државјанство?
-Да, точно така, меѓутоа мора ми верувате, ако сите небулози и лаги и напади ги дискутирав, јас само ќе се бранев, наместо да презентирам проекти, рече Арсовска.