521
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), за градоначалник на Скопје досега се преброени 21% од гласовите, според кои засега убедлива предност има Данела Арсовска, пред Петре Шилегов.
Поточно, за Арсовска гласале 26.251 граѓанин, а за Шилегов 17.266 гласачи, односно 8.985 гласа разлика. Или во проценти, кандидатката поддржана од ВМРо-ДПМНЕ, засега има 58,32% од гласовите, а кандидатот на СДСМ 38,36%.