Арсовска во Шуто Оризари: Луѓето газат по кал

by Фокус

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, за време на теренската посета на скопската општина Шуто Оризари, изјави дека недостигаат асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура.

-Недозволиво е во 21 век општина која што се наоѓа во главниот град да има неасфалтирани улици, луѓето да газат по кал, без водоводна и канализациона мрежа, нема тротоари и улиците не се безбедни ниту за возрасните, а уште помалку пак за децата. Едноставно, ова се проблеми кои треба да бидат оставени во минатиот век. И граѓаните со кои секојдневно се среќавам не бараат многу. Бараат нормални услови за пристоен живот како што заслужува секој еден граѓанин – рече Арсовска.

Таа порача дека со брзи и ефикасни решенија Скопје ќе биде, како што истакна, метропола како што секој посакува и заслужува.

Поврзани новости