Арсовска: Во мандатот на Шилегов долгот е зголемен за трипати

by Fokus

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска открива дека во мандатот на Петре Шилегов, долгот на градот е за трипати зголемен во однос на долгот што тој го наследи од неговиот претходник.

Таа на брифинг со новинарите истакна дека, токму поради зголемувањето на долгот, на градот не му е оставен простор и основ за кредитирање, за што беше планирано да се земат кредити за големи градски капитални проекти.

-За жал, морам да кажам дека градот е соочен со големо задолжување и во овој момент она што е останато како простор, за практично да може нешто да се направи по основ на кредитирање, е скоро никаков. И тоа видов дека некој од претходното раководство се обиде да го претстави како моја слабост, дека нема да можам ад кредитирам, наместо да го претстави како свое критизерство лично, што овозможил градот за четири години да се задолжи три пати повеќе од тоа што бил порано во претходниот мандат на неговиот претходник, истакна Арсовска.

Поврзани новости