Арсовска вели дека одамна нема контакт со Мицкоски

by Fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во интервју за Канал 5 ТВ рече дека одамна нема контакти со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Притоа таа додаде дека како прв човек на градот нема да дозволи какво било политичко влијание во Град Скопје.

„Ние немаме контакт одамна, оние контакти кои сме ги имале биле во насока да се реализираат оние програмски активности од програмата на Град Скопје. Јас како човек избран од скопјани нема да дозволам никакво политичко влијание во Град Скопје. Тоа сметам дека треба да се превенира да се случува во секое од овие јавни институции каде Градот е основач. Сметам дека сум должна кон сите граѓани, и кон тие што ме гласале и кон тие кои не ме гласале, ветив дека ќе бидам градоначалник на сите скопјани. Во секој случај благодарна сум за довербата која ми беше укажана и јас сметам дека јас таа доверба нема да ја изневерам. Доколку некој сметал дека таа доверба треба да биде да одработувам за нечии лични интереси тоа нема да се случи. Пред сè како човек од прв ден кажав дека ќе бидам против корупција, против тоа да има било какви политички влијанија и верувам дека на тоа ќе останам достојна до крајот на овој мандат“, рече Арсовска.

Поврзани новости