Поради ВМРО-ДПМНЕ не може да се продолжи со чистење на дивите депонии низ градот и со разубавување кејот на реката Вардар, велат од кабинетот на скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Ваквиот став е после вчерашната седница бидејќи советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Предлог-одлуката за изменување на програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки,отворените канали и расчистување на дивите депонии за 2022 година. Со тоа немаше доволен број на гласови „за“ и оваа програма не се прифати.
„Поради потребата од зголемен обем на работни активности во тековната година, потребно е измена на вкупната вредност на програмата и тоа износот од 29 милиони денари да се замени со износот од 41,5 милиони денари денари“, стои во образложението од градоначалничката Арсовска.