Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, освен што не работат ништо, не се кадарни да реализираат ниту веќе започнати проекти, трошат милиони евра од општинските буџети за партиски вработувања, набавки на чоколадни бонбони и други аздисувања, обвинуваат од владејачката партија.
-Градоначалничката Данела Арсовска досега ништо не сработи, постојано бара пари од Владата, а годинава ќе потроши 670.000 евра од градскиот буџет за партиски вработувања.
Нејзиниот пример го следат многу други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ како што се градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден, Сопиште…, велат од владеачката партија.
Од таму додаваат дека крајно време е Арсовска и останатите градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со аздисување и да почнат со штедење, бидејќи граѓаните очекуваат конечно да почнат да реализираат проекти, да решаваат проблеми и да работат во интерес на граѓаните и општините.