Арсовска: Темата со приватните превозници е веќе затворена

by fokus

Верувам дека со приватните автобуски превозници треба да се разговара и за сите проблеми да се најде решение, меѓутоа тоа во ниту еден случај не смее да биде на штета на Градот Скопје, а Градот и скопјани претрпеа сериозна штета од нивните постапки и однесување, изјави скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју за МИА.

– Објавивме јавни повици на коешто викавме сите коишто имаат намера и коишто декларативно кажуваат дека и претходно чесно работеле и чесно ја вршеле својата дејност и сега да пристапат кон тоа и да можат да ја работат чесно работата во којашто практично се вложиле себеси или инвестирале за да ја вршат како дејност. Меѓутоа, за жал, никој од нив не се охрабри, не се појави на тој јавен повик, со што сметам дека оваа тема е и затворена, истакна Арсовска.

Околу тоа дали сепак ќе се бара некое решение или превозниците ќе останат колатерална штета во целата приказна, Арсовска вели дека пред да се предизвика целиот хаос во градот требало да се размислува за реперкусиите за сите граѓани на Скопје.

– Затоа што некој свесно ги довел во состојбата во која што се, сега имаме свесно креиран предизвик во Градот Скопје со којшто ЈСП се обидува да се справи и да доведе до тоа да имаме примарно квалитетна услуга за скопјани во делот на јавниот превоз, додаде Арсовска.

Таа потенцира дека во овој момент Градот Скопје е фокусиран да најде квалитетно системско решение и да изготви реформа во јавниот превоз, којашто, според неа, мора да биде нешто што ќе го опфати целиот град и сите места каде што сега или ретко или пак воопшто не сообраќаат автобуси. Нагалсувајќу дека повеќе од 40-тина година не е направена сообраќајна студија во Градот, Арсовка вели дека на скопјани треба да им се понуди еден концепт со којшто трајно ќе биде решено сето она што го имале како проблем или како предизвик.

Поврзани новости