368
Имате систем прилагоден на градот и населението од пред 40 години и ништо не е сменето од тогаш, сега сакаме да направиме нов поквалитетен систем и некој го саботира за да процесот трае подолго, за да луѓето се иритираат и чекаат по 30-40 минути на автобуските станици, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
-Секој жител и граѓанин на Скопје треба да знае дека чека по половина час на автобуските станици токму поради овие советници . Досегавме ќе имавме реформиран автобуски превоз и ќе продолжевме кон фазата на бесплатен јавен превоз, доколку имавме конструктивни советници, а не луѓе што им служат на своите лидери и партиите – рече Арсовска на ТВ 24.