Арсовска со месеци го барала Ќосето-размислува да го врати

by fokus

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд и сега размислува да го врати на старото место.

-Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, изјавила Арсовска.

Таа додала дека два месеци се обидувале да дознаат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

-Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните, додала Арсовска.

Поврзани новости