Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, синоќа доживеа пораз од Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Според, податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од 100% обработени гласачки ливчиња, Арсововска имала за 28.083 повеќе гласа од Шилегов.
За Арсовска гласале 118.765, а за Шилегов 90.682 граѓани, или во проценти, 54,66% наспроти 41,73%.
Гледано по општини, Шилегов издвојувал победа само во Центар, Сарај и Чаир.
По поразот, Шилегов синоќа и ја честиташе победата на Арсовска.
„Сакам да и честитам на госпоѓата Арсовска за победата на овие локални избори. Нема да дозволиме да ни се случуваат силувања на градот како во минатото. Мислам дека успеавме Скопје да го свртиме во еден обратен правец од кој враќање нема“, рече Шилегов.