Арсовска: Скопје ќе биде град на фестивалите

by fokus

Данела Арсовска најавува најмалку 12 фестивали во главниот град, коментирајќи дека во главниот град веќе нема модерни фестивали.

-Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. ‘Златно славејче’, кое е симбол на Скопје, ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на ‘Скопје џез фестивал’…изјави Арсовска.

Според Арсовска, доста е од ветувања без реализација посебно кога станува збор за ветувањата за реновирање на Универзалната сала. Додава дека, покрај функционална Универзална сала, во нејзиниот мандат ќе се изгради и концертна арена на отворено. Во соработка со општина Аеродром, како што вели, ќе се инвестира во нов мултифункционален културен центар во Ново Лисиче.

Поврзани новости