481
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на телевизија Телма откри дека фирмата казнета со 82.000 евра за загадување во Вардариште се уште не ја платила казната и бара механизми за истото да не го стори.
-Тоа што некој се обидува да не ги плати казните е негово право, но и наше право е да ги упоребиме сите механизми. Треба системски да се решава проблемот, за повеќе да немаме вакви загадувачи. Но, и ќе почнеме јавно да ги објавуваме. И начините како го прават и фотографии. Не може некој да си игра со здравјето на граѓаните, а потоа и да ги изигрува законите, рече Арсовска.