Данела Арсовска – градоначалничката на Град Скопје му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да продолжи да се занимава со неа. Таа вели дека на тој начин ѝ го подобрува и нејзиниот рејтинг.
Арсовска вели дека тој две години се занимава со неа, па наместо да го подобри својот, го подобрува нејзиниот рејтинг.
Градоначалничката Арсовска ова го изјави по денешната прес-конференцијата за изборот на Скопје за европска престолнина на културата 2028.
„Немам ништо што повеќе да му додадам, неговите очигледно лаги и манипулации и закани во изминатите две години, на коишто никој притоа не реагираше, ниту еден човек не излезе во одбрана на она што се случува во делот на заштита на правата на жената и на насилството кое се одвива, наспроти она кое што сакаат да го прокламираат од другата страна“, вели Арсовска.
Таа рече дека е посветена на она што треба да го реализира за Град Скопје, а ниту ги потврди, но не ги демантираше гласините дека ќе се активира политички преку новоформира партија.