Арсовска: Рано ми е да размислувам за втор мандат

by Fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, смета дека е рано да размислува дали ќе се кандидира за втор мандат бидејќи има уште две години од актуелниот.

Во овој период, како што рече во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ, таа вели дека е фокусирана на реализација на проектите што ги вети во кампањата за локалните избори во 2021 година.

“Во овој момент сум фокусирана на тоа сите оние работи што ги ветив пред граѓаните да ги реализирам. Нема логика да се размислува две години однапред за нешто во кое треба да се посветите, тоа што сте го ветиле да го реализирате. Треба прво да им укажете на соодветно ниво успешност”, вели Арсовска

Поврзани новости