283
Повторно не се одржа седница на советнички прашања на Советот на Град Скопје, поради отсуство на градоначалниката Данела Арсовска.
Ставот на советниците од СДСМ е дека ако градоначалничката не е присутна, тогаш ни тие нема да учествуваат во работата на седницата, рече советничката Љубица Јанчева.
Претседателот на Советот Трајко Славески даде пауза од 10 минути, но и по паузата, градоначалничката Арсовска не се појави. Поради тоа, Славески ја затвори седницата, нагласувајќи дека нема услови за нејзино одржување.