Арсовска повикана на разговор во полициска станица за опожарено возило

by Fokus

Ова ти е последна опомена да бидеш паметна, да си дадеш отказ од работното место. Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, животот пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме“.

Ваква заканувачка порака напишана со црвен фоломастер на лист хартија и оставена во автомобилот, на крајот на февруари ја пречекала извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, Христина Стојановиќ. За само неколку часа возилото било запалено.

Веќе подолг период, извршната директорка и првиот човек на ССК, Трајан Ангелоски, кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје се соочиле со разни притисоци и закани по нивниот живот и животот на нивните семејства.

Од нив се барало да се повлечат од раководните функции, па дури им биле дадени рокови и ултиматуми до кога треба да го направат тоа. Како наводни причини за да се бара оставка од новото раководство, според нашите информации е ревизијата, кои тие ја започнале врз сомнителното работење во институцијата со која управуваат.

Веќе три месеци, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство го истражуваат случајот со опожареното возило на извршната директорка, кој беше подметнат на 25 февруари, еден час после полноќ.

За овој случај и двете надлежни институции веќе отвориле предмети, а на разговор на 12 мај, годинава, според МВР, во полициска станица била повикана и актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. 

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости