Арсовска од 45 советници во Град Скопје има поддршка само од еден од ГРОМ, вели Славески

by Fokus

Очекувам Советот на Град Скопје и во иднина да работи ефикасно. Единствената разлика е во тоа што градоначалникот Арсовска ќе го нема комодитетот што го имаше до пред извесно време позади себе да има стабилно мнозинство во Советот што ги поддржуваше сите нејзини предлози, иако понекогаш советниците имаа дилеми дали да го дадат својот глас за одреден предлог, вели во интервју за „Локално“ Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Претседател на Советот на Град Скопје појаснува дека градоначалничката на чуден начин се откажала од тоа мнозинство, додавајќи дека според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната седница се покажало дека од вкупно 45 советници таа има поддршка само еден советник.

-Искрено, не очекував дека состојбите ќе ескалираат до овој степен. Градоначалникот Арсовска во изминативе неколку недели на прашања на новинари и на нивно чудење во неколку наврати истакна дека немала комуникација со претседателот на Совет на град Скопје од самиот почеток на мандатот затоа што „немало прашања за кои можела да се консултира“.

Таа на чуден начин се откажа од тоа мнозинство и според гласањето по неколку точки од дневниот ред на последната 18-та по ред седница се виде дека од вкупно 45 советници таа има поддршка од само еден советник (од партијата ГРОМ), подвлекува претседател на Советот на Град Скопје“, вели Славевски.

 

Поврзани новости