Градоначалничката на Скопје данела Арсовска се пофали дека успеале да извојуваат уште една победа и дека екипите на ЈП„Коминална хигиена“ се на терен.
Таа во соопштението до јавноста вели дека нема да доволи мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на Скопјани.
„Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани. Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана. Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани. Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор“, соопшти Арсовска.