794
Кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, за време на денешната посета на Водно најави целосно завршување на изградбата на втора фаза од жичарата на Водно со цел, како што рече, овозможување на полесен и брз пристап за сите граѓани и за туристите.
-Ме радува што граѓаните ја препознаваат мојата визија и идеи за подобро Скопје и верувам дека заедно преку соработка и во интерес на сите скопјани ќе реализираме квалитетни и издржливи решенија за Скопје како модерна метропола. Тоа го заслужуваат моите сограѓани. Јас не сум политичар и нема да бидам. Ќе работам исклучиво во служба на граѓаните, а тие ќе бидат мојот коректор – изјави Арсовска.