Арсовска не прифаќа дебати со Шилегов: Ме деградира и ги негира моите квалитети

by fokus

Независната кандидатка за градоначалничка за Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вечерва на ТВ 24 настапи сама, на нејзино барање, бидејќи не сака да биде дел од дебата со Петре Шилегов. Претходно, таа одби соочување со Шилегов и на телевизија Телма.

-Јас верувам дека и вие знаете дека првото соочување го имавме кај вас, со 12 кандидати, па потоа и со 6 кандидати, на крај и со три кандидати. Но, повеќе пати го замолив да ми се извини за она што го прави. Тој лично ме напаѓа, ги негира моите квалитети и квалификации, ме деградира како личност, и ако тоа е демократија, а тоа што не сакам да седнам со него на маса не е демократија, тој човек не го разбира концептот за демократичност. Тој прво треба да ми се извини.
Ако треба да делам маса со човек кој се дрзнува секој ден да вади по една афера за мене, да ме деградираат како ловек, дека некој нешто злоупотребил, да го напаѓаат моето семејство, вчера извадија дека сум била муслиманка, денеска дека сум имала бугарски пасош. Верувајте дека со тие луѓе што континуирано лажат и напаѓаат, со него маса не сакам да делам, вели Арсовска.

 

Поврзани новости