Арсовска не ги поканила колегите градоначалници на одбележување на 13 Ноември

by fokus

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски со објава на својата официјална страна на фејсбук го честиташе 13 Ноември, Денот на ослободувањето на град Скопје.

Во честитката градоначалникот Стефковски информираше дека оваа година за прв пат општината нема делегација на официјалното одбележување, бидејќи не е доставена покана од градот Скопје.

-Честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје.
Денес кога се одбележуваат 78 години од ослободувањето на главниот град на нашата татковина, наша должност е да оддадеме почит и да ги споменеме оние 426 борци кои ги положија своите животи и се вградија во слободата на Скопје.
Нивниот лик и дело, никогаш нема да бидат заборавени. Затоа што секоја жртва за Македонија се памети вечно.

За жал оваа година за прв пат по долги години, општина Гази Баба нема да има своја делегација на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје, бидејќи не добивме покана од градот Скопје.

Нека ни е честит 13ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје! – напиша Стефковски

Поврзани новости