Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако актуелната градоначалничка на Скопје во „Само интервју“ на Канал 5 го онбини Мицкоски дека и се заканувал.

„Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност.

Сепак, имајќи ја предвид тежината на обвинувањата што ги искажа во интервјуто, независно од истакнатото, приморани сме да побараме тоа да го докаже во редовна постапка пред македонските судови. Истовремено, веруваме дека до тогаш јавноста и на писмено ќе се увери во вистинската психолошка состојба на оваа личност, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Поврзани новости