Арсовска му предлага на Курти улица во Приштина да го носи името на Тодор Александров

by Fokus

Градоначалничката Данела Арсовска до Советот на Град Скопје денеска поднела иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на Советот ја променил во „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена. Таа ги повика сите советници да гласаат за оваа иницијатива.

Градоначалничката Данела Арсовска ја осуди, како што вели, националистичката реторика на косовскиот премиер Албин Курти кому му предложи нова иницијатива.

„Во Приштина улица да биде именувана по Македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев”, посочи Арсовска.

Во петокот косовскиот премиер Албин Курти беше во неофицијална посета на земјава. Во Општина Чаир присуствуваше на преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“.

 

Поврзани новости