Арсовска: Многу ми е жал што на Мицкоски му се чинело дека нема план

by Fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на средбата со премиерот Христијан Мицкоски предложила краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Ова таа го изјави вечерва во гостувањето на ТВ Сител.

„Многу ми е жал што нему му се чинело дека нема план“, рече таа за премиерот Христијан Мицкоски.

Вели дека понудила да се набават нови автобуси и се пофали дека градот е финансиски консолидиран. Taa рече дека требало на гостување да се соочи со министерот за локална самоуправа Златко Перински.

„Не сум јас таа што во советот прави коалиција“, рече Арсовска.

Вели дека не знае дали досега имало вакви советници, кои не гласаат одлуки во интерес на граѓаните. Арсовска рече дека не се повлекува затоа што ништо не погрешила.

Поврзани новости