Арсовска меѓу најплатените градоначалници во регионот со месечна плата од над 2.000 евра

by Fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е меѓу најплатените градоначалници во регионот.

Според податоците кои ги објави српски „N1“, таа е на третото место меѓу градоначалниците од поранешните ЈУ републики,

Пред неа, според месечната плата се само првите луѓе на Љубљана и Загреб.

Платата на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ изнесува 2.696 евра, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ заработува 2.318 евра месечно.

Арсовска зема плата од 2.036 евра секој месец.

Градоначалничката на Подгорица, Оливера Ињац е платена 1.562 евра месечно, додека пак градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ заработува 1.510 евра месечно.

Најниска плата во споредба со поголемите градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.

Рекордер по заработка во земјите од поранешна Југославија е градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ. Тој има месечна плата од 3.305 евра.

По него е градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно.

Поврзани новости