506
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје им порача на приватните превозници да поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи.
„Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните“, рече Арсовска.