Мостот АСНОМ за кој градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска првично тврдеше дека е речиси невозможно да се заврши, сепак ќе продолжи со реализација.
На денешниот брифинг со новинарите Градот ги кажа проектите кои се започнати од претходниот градоначалник и мора да се продолжат.
Освен мостот АСНОМ, ќе се продолжи со реализација проширувањето на булеварот Борис Трајковски од Пинтија кон Драчево, клучката на Момин поток, изградба и реконструкција на фекална канализација на Киро Глигоров.
Ова се Веќе склучени договори што мора да се реализираат, вели градоначалничката.
Продолжува и реконструкцијата на Универзална сала, се прави одредена измена на проектната документација. На пролет треба да биде завршена првата фаза.
За втората фаза (внатрешноста) треба да се обезбедат средства, а градот е многу задолжен, вели Арсовска.
К.С.Б.