595
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција порача дека е подготвена да биде нов лидер на главниот град на Македонија.
Таа ја искористи оваа прес конференција да упати критики кон актуелниот градоначалник, Шилегов, за кој што вели ги запоставил скопјани.
„Ве уверувам дека ќе бидам посветена да го одржувам Скопје. Знам дека скопјани го сакаат градот убав и така ќе бидам посветена во мојот мандат. Граѓаните имаат можност да ја видат разликата. Очигледно дека не било обрнато внимание на некои делови од градот и се запоставени. Тоа јас нема да го правам“, истакна Арсовска.