Арсовска: Ќе бидам носител на листа во Изборна единица 1

by Fokus

„Нова алтернатива функционира и се консолидира, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро. Засега се состануваме и разговараме за најгорливите прашања што ги засегаат граѓаните. Од тоа што разговараме со граѓаните гледаме дека се разочарани од ова што се случува во последните триесет години“.

Ова меѓудругото го рече градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска во гостување на тв 24.

„Ние не правиме анкети, ги слушаме грашаните надвор. Тоа е најискрено и најчесно и се добива вистинско сознание за состојбата. Тоа го знаеме и од тоа што отворивме телефонски број за граѓаните за поплаки. Има над десет илјади. Не е лесно да се слушаат критики, ама ако не се слушаат нема да се најдат решенија“ – вели Арсовска.

Порача дека партијата Нова алтернарива, чиј лидер е, ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат органите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.

– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат – вели Арсовска.

Во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.

Поврзани новости