Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната прес-конференција упати критики за лошата организација на водоснабдувањето во Скопје.
Таа вети дека ќе го реши тој проблем, а говореше и за животниот стандард на граѓаните на нашата држава, со надеж дека во иднина тој ќе се подобри.
„Речиси нема ден да нема прекин на водата низ целиот град. Ние ќе направиме оптимизација на водоснабдителниот систем. Подготвуваме стручен тим за утврдување на состојбата на сметководите. Со моја програма нема да има заборавени места во Скопје. Јас лично ќе посетувам диви депонии кои го нарушуваат здравјето на скопјани. Кога зборуваме за животниот стандард, зошто да имам 40 отсто сиромаштија? Јас сакам секој да има 5000 евра плата во Македонија, но треба да се креираат услови“, истакна Арсовска.