526
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја разрешила од директорското место во ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева – Николиќ, дознава „Фокус“.
Причините за разрешувањето не се познати, а официјално соопштение нема ниту од Град Скопје.
Разрешувањето на Мазнева доаѓа три месеци по протестот на дел од вработените во ова јавно претпријатие кога Скопје се гушеше во ѓубре, но тогаш и градоначалничката и директорката беа на иста линија.