866
Независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Телма објасни зошто е избрана за почесен конзул на Унгарија во земјава.
-Имам одлични релации со Унгарија. Искрено, имав повеќе понуди за конзул. Тоа беше многу злоупотребувано од мојот противкандидат, а неговата влада ми ја даде одлуката за именување. Унгарија како членка на ЕУ која не поддржува на патот на ЕУ интеграциите, сметам дека е држава која е достојна за почит. На крајот, не сметам дека еден или два инциденти кои сме ги имале во животот треба да трасира некој да биде означен како неподобен пат, рече Арсовска.