Арсовска им ја заклучи салата, ракометарите на Ѓорче Петров тренираат на отворено

by fokus

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров денеска одржаа тренинг на отворено, откако наидоа на заклучена сала во средното училиште Кочо Рацин, каде со години тренираа.

Од клубот велат дека од Град Скопје им било кажано дека салата била нефункционална и небезбедна за идни натпревари.

-Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту… нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор. Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!! Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!“, стои во објавата на ракометниот клуб.

 

Поврзани новости