Арсовска: Граѓаните бараат менаџер на градот

by fokus

Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, за време на денешната посета на Ѓорче Петров, ги презентираше нејзините, како што рече, брзи и ефикасни решенија за модерно Скопје.

-Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје – истакна Арсовска.

Поврзани новости