Тендерската постапка за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ) којшто беше објавен на веб страницата на Европската банка за обнова и развој е стопирана. Од Град Скопје потврдуваат дека постапката е стопирана, но оттаму не објаснуваат дали ова значи дека тоа значи дека овој проект е целосно стопиран.
-Постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е релативно непознат концепт за граѓаните на Скопје. Според анализите кои биле изготвени минатата година за потребите на Град Скопје се укажува на бројни недостатоци и ризици од проектот кои ќе имаат влијание врз животната средина, што во никој случај не смее да се дозволи. Како што знаете во моментов се водат преговори со ЕБРД и по нивното завршување граѓаните ќе бидат информирани за договореното, велат од Град Скопје за Фокус.
Новата градоначалничка, Данела Арсовска цврсто застана зад ставот дека БРТ нема да има, но рече дека ќе има состаноци со претставниците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) бидејќи во април годинава беше потпишан договор за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.
Ф.Ф.С.