489
Виктор Панчевски, досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација- Скопје“ е разрешен по половина година на оваа функција.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.