Арсовска го разреши Глигоров, нов секретар на Градот е Наталија Митовска

by Фокус

Нов генерален секретар на Град Скопје ќе биде Наталија Митовска, соопштија денеска надлежните од градската управа.

Оваа одлука е донесена, откако, како што соопштија од Градот Скопје, денес е разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров.

Глигоров беше најблизок соработник на Арсовска, а неговото разрешување доаѓа откако неговата сопруга го пријави во полиција за семејно насилство.

Oттаму соопштија дека Митовска била носител на високи раководни функции во Владата.

„Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции.

Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година во период кога претпријатието ги бележеше најдобрите економски и оперативни резултати, има искуство во приватниот сектор со високи извршни позиции, како и работа како асистент професор по политички науки.

На позицијата секретар на градот Скопје доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата За модерно Скопје“, соопштија од Градот.

Инаку, Митовска е сопственичка на продукцијата „Трипл диџит продакшн“ и е сопруга на сопственикот на порталот „Инфомакс“ Александар Митовски.

Кој е Зоран Глигоров, генсекот на Арсовска, „обвинет“ за семејно насилство и тепачка?

 

МВР со детали за случајот со семејно насилство во домот на Глигоров: Му го одзедовме пиштолот со кој се закануваше дека ќе се убие

 

Наталија Ивчева на платен список кај Арсовска

Поврзани новости