Арсовска го разреши директорот на Водовод и канализација Златко Перински

by fokus

Град Скопје го разреши Златко Перински, директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, информираат од Град Скопје.

-Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, се вели во соопштението од Град Скопје.

Поврзани новости