Арсовска го разреши директорот на „Улици и патишта“, Ванчо Умлевски

by Fokus

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го разреши директорот на Улици и Патишта, Ванчо Умлевски, објави Скопје1. Засега не се познати причините за неговото разрешување.

Умлевски беше на функцијата пет месеци.

Ова не е ново за Арсовска, таа за време на нејзиниот мандат, досега разреши над 30 директори на јавни претпријатија и тројца секретари, кои самата ги постави на тие функции.

Поврзани новости