Арсовска го раскина договорот со фирмата за новогодишно украсување на Скопје

by Fokus

Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.

За ова се очекуваат повеќе детали на најавената прес-конференција во 13:30 часот, за која во соопштението испратено до медиумите пишува дека е итна.

Украсувањето  чини 243.000, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“.

Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември.

Украсувањето предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

И.М.

 

Поврзани новости