Арсовска го пријавила Славески во полиција

by Fokus

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје го пријавила во полиција претседателот на Советот, Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата во пленарната сала на Советот на Градот, пишува „СДК.мк“.

Славески на денешната седница го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го вклучува и исклучува микрофонот на говорницата во пленарната сала на Советот.

После овој потег, следеше жестока расправија меѓу него и Арсовска, која го нарече „Хитлер“, „деспот“, „тиранин“ и „крадец“.

Поврзани новости