Арсовска го обвинува МВР за денешниот сообраќаен хаос во Скопје

by Fokus

Главниот град Скопје попладнево беше блокиран подолго време, што го навлече гневот на учесниците во сообраќајот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска посочи дека ќе бара објаснување за денешниот хаос низ метрополата.

„Да се исклучат семафори без најава со часови за да се направи сообраќаен хаос е крајно несериозно. Сообраќајот е ист како и други денови и нема основа објаснувањето дека дождот е причината за денешната слика од улиците во Скопје каде со часови патуваа до своите домови. Градот Скопје ќе побара објаснување од МВР за причината за предизвикување на денешниот сообраќаен хаос“, објави Арсовска.

 

Поврзани новости