701
Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако вчера го разреши досегашниот Златко Перински. Тој досега бил вработен во претпријатието.
Од денеска, Град Скопје има и нов секретар откако Арсовска од функцијата вчера го смени Ѓоко Велковски кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше Шеф на кабинет на Арсовска.