Арсовска ги смени директорите во „Водовод“, Зоолошка и МКЦ

by fokus

Сменети се директорите на јавните претпријатија „Водовод иканализација“, Зоолошката градина и Младинскиот културен центар, соопшти Град Скопје.
Тие биле сменети по завршувањето на мандатот за кој биле назначени како В.Д. директори, а Градот назначил нови директори со значителено работно и раководно искуство.

За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство. Досегашниот директор Марјанчо Митовски кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство.

Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

 

Поврзани новости