Арсовска ги повика советниците да донираат еден месечен паушал за Леонид, таа ќе ја донира платата!

by Fokus

Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост.

Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција, од таа причина градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес до Советот на Град Скопје, испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.

Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид.

Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

Поврзани новости