Арсовска ги повика и сите кои се разочарани од политика, да ја поддржат во недела

by Fokus

Како независен кандидат, Данела Арсовска е благодарна за поддршката од партиите ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, Алтернатива и сите останати партии, движења, невладини организации. Таа ги повика граѓаните во недела да бидат уште пообединети за една цел – современо и модерно Скопје.

„Ве повикувам сите сите вас кои сте разочарани од политика, кои никогаш не сте излегле на гласање, вие што сте изгубиле надеж, што сте гласале за власта која ве разочарала, да се обединиме, да се бориме за модерно Скопје и да ме поддржите мене во оваа битка. На чекор сме до успех за Скопје да не е повеќе политика, туку да е град со кој ќе се гордееме. Во недела вие ќе одлучите за иднината на Скопје“ – упати порака Арсовска до сите граѓани на Скопје.

Поврзани новости