Арсовска е прв пример за неработа, велат од СДСМ

by Fokus

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, во првите месеци од мандатот не сработеа ништо во интерес на граѓаните и општините, реагираат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните сведочат за прекинување на проекти, кршење на законите, трошење народни пари на чоколади и сокови.

„Партизација е се она што прават градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Данела Арсовска е прв пример за неработа, за неправење ништо. Освен што се прогласи за ненадлежна за се, прекинуваше проекти и нивелираше една шахта. Ништо друго не сработи во првите два и пол месеци од мандатот. Арсовска среде енергетска криза не одвои ниту денар за помош на скопјани, и ги остави без парно, по што мораше Владата да презема мерки и да обезбеди парно за скопјани.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски наместо да направи нешто за граѓаните, во време на криза потроши 6.000 евра за чоколадни бонбони, сокови и кроасани. И тој како Арсовска се прогласи ненадлежен за се, освен за трошење на парите на граѓаните. Кирил Пецаков градоначалникот на Охрид ќе остане запаметен само по тоа што ги прекрши законите и протоколите и го загрози здравјето на охриѓани. Бобан Стефковски градоначалникот на Гази Баба стопираше неколку капитални проекти од неговиот претходник, како училиштето Кирил и Методиј во Стајковци, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Поврзани новости