Бесплатен јавен превоз во Скопје очигледно нема да има се додека трае економската и енергетската криза, барем според најавите на градоначалничката Данела Арсовска.
-Го ветивме бесплатниот јавен превоз и отпочнавме со некакви фази на реализација. Сепак чесно е да кажеме дека олку голема економска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, цените на нафтените деривати, цените на мазутот, се толку многу високи, што и сега ова што го правиме е нешто што го оптоварува буџетот на град Скопје. Не можам да кажам во која фаза ќе го направиме. Сепак, се она што беше наведено во програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира – тоа е нашата цел, рече Арсовска во емисијата „Клик плус“.
-Размислуваме за реформирање на јавниот превоз. Во тек се подготовките, но мораме прво да ја надминеме оваа криза, бидејќи цените на енергенсите влијаат на ова, додаде градоначалничката.