Арсовска до Ѓорѓиевски: Сите кои одеа на работа ги избрка за да направиш место за своите партиски војници

by irena 10:47
10:47

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика нејзиниот наследник Орце Ѓорѓиевски јавно да ги објави сите фирми со долгови, како и отпуштените вработени што не доаѓале на работа.

„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, обвини Арсовска со објава на Facebook.

Го повика и на ТВ дебата за да ги соочат фактите.

„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“

Слични вести